23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се најавува ли политички земјотрес во опозицијата?: СДСМ открива дека постојат докази дека Мицкоски дека имал контакти со структури во Бугарија

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

П2: Мицкоски ве обвини вас дека имате контакти со Бугарија, прво дали имате било каквов контакт на ниво на власт со Бугарија и второ со кого контактирал Мицкоски како што велите?

Се што зборува и излегува од устата на Христијан Мицкоски е ноторна лага. Тој лично на протестите кажа дека викендов се распарчува Македонија. Нема никакви разговори и нема никакви официјални претставници во Софија. Она што го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе и да каже е секако дека поседуваме информации затоа што и досега кога сме излегувале на прес-конференции да го повикаме да даде одговори за суштински прашања после некое време излегувало со докази дека тоа е точно.