23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Кирацовски: Никој нема право да го дели членството на СДСМ!

Никој нема право да го дели членството на СДСМ! Зоран Заев е лидерот со неприкосновена доверба кај членовите на СДСМ, човекот кој се соочи со тестот на судбината и ги преброди сите премрежја за добро на државата и граѓаните, додека многумина за тоа го распнуваат, вели Александар Кирацовски од СДСМ.

– Бранко Црвенковски е партиска икона кон кого членството има почит.

Ние како социјалдемократи не смееме да дозволиме меѓусебен јаз поради легитимното размислување на кого било во партијата, затоа што демократијата е во основата на нашето делување.

Се знае каде е историјата, а каде иднината – И двете се во СДСМ!

Социјалдемократскиот сојуз на Мaкедонија испиша плодна историја основајќи ги темелите на современата македонска држава!

СДСМ ја обезбеди европска и НАТО иднина и перспектива!

СДСМ сплотена и обединета, ќе излезе како победник и од овие предизвици!

Лидерството кое пред крупни одлуки се базира на јавното мнение, не е лидерство туку следбеништво, а СДСМ знае само за Лидерство, напиша Кирацовски на фејсбук.