14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Заложбите за поголема инклузија на лицата со попреченост се преточуваат во конкретни проекти и програми

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.

На средбата се разговараше за активностите и проектите на ова здружение во насока на подобрување на условите и можностите на лицата со попреченост во општествениот живот и меѓусебната соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Како особено важни за процесот на поголема инклузија на лицата со попреченост беа посочени воспоставувањето национален регистар на лица со попреченост, новиот закон што Министерството за труд и социјална политика сериозно го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост, социјалната услуга поддржано вработување и комисиите за функционална процена на нивната работоспособност за да може да бидат вклучени на пазарот на трудот.

Личната асистенција е од особено значење на лицата со попреченост и во насока на подобар одговор на нивните потреби соговорниците се согласија дека потребно е намалување на возрасната граница на корисниците на оваа социјална услуга.

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за соработка и во иднина со цел создавање добар систем на градење приоритети, кои се од клучно значење за лицата со попреченост.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +