27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вакцината на „Астра зенека“ доведена во прашање поради грешка при тестирањето

Компанијата „Астра зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ признаа дека настанала грешка при тестирањето на вакцината против коронавирусот, што иницира многу прашања во врска со прелиминарните резултати што ги објавиле.

Соопштението беше објавено вчера, само неколку дена откако компанијата и Универзитетот објавија дека нивната вакцина е многу ефикасна не спомнувајќи зошто некои од учесниците во испитувањето не ја примиле целата доза за време на првата од двете вакцинации, пишува списанието „Тајм“.

Всушност, подоцна се покажало дека групата што примила помало количество вакцина е подобро заштитена од волонтерите што примиле две цели дози.

Во групата со ниски дози, според „Астра зенека“, вакцината се чини дека е ефикасна во 90 проценти од случаите, а кај групата што примила две полни дози била забележана ефикасност од 62 процента. Комбинирајќи ги двете групи, компанијата соопшти дека вакцината дејствувала во 70 проценти од случаите. Сепак, начинот на добивање на резултатите натерал многу експерти да ги преиспитаат своите методи.

Во изјавата од „Оксфорд“ вчера се вели дека некои шишиња користени во студијата немале соодветна концентрација на вакцината, па затоа некои волонтери добиле половина од дозата. Универзитетот рече дека разговарал за ова прашање со регулаторите и се согласил тестот во доцната фаза да заврши со две групи. Според нив, проблемот поврзан со производството е исправен.