9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Македонската суштина е бесмртен „вирус“ против кој залудно се бара „вакцина“

Идејата на Договорот за добрососедство беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во однос на преговорите со источниот сосед.

Тој повикува билатералните прашања да се решаваат без истите да бидат пречка на патот кон ЕУ.

„Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит“. нагласува Димитров во својата објава.

Според него, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои, како што вели, нема отстапување.

„Ова е бесмртниот ‘вирус’ на идеали против кој залудно се бара ‘вакцина’“, порачува вицепремиерот.

Можеби ќе ве интересира

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства од Првата светска војна во близина на граничниот премин Меџитлија и во Старо Градско

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

ДЕСК

(ВИДЕО) Прес на Бране Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

ДЕСК