7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија.

Како што информираат од Министерството за здравство, теренот на кој ќе биде поставена ковид-модуларната болница во Гевгелија е подготвен, а кон крајот на оваа недела се очекува да почне изведбата на болницата. Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата – довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја.

Ковид-центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО-преглед на пациенти и одредување терапија.

Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи – имунизацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето

ДЕСК

Лишено лице од слобода од скопско Мирковци, фатен како одзема нафта од училиште

ДЕСК