Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Почна исплатата: Милиони денари ќе бидат распределени на сметките на илјадници граѓани кои скенираа сметки

Почна исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки во третото тромесечје од годинава, односно за месеците јули, август и септември.

Дел од граѓаните веќе добиле пари, останатите да очекуваат деновиве. Податоците се обработени и сега парите веќе се префлаат на сметките.

Како што информираат од министерството за финансиси, овој пат исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од Викендот без ДДВ.

Инаку, УЈП има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето.

По овој основ, според податоците на УЈП, треба да бидат исплатени речиси 430 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Македонија втора земја од екс-Југославија по злато во државните резерви, прва е Србија со 41 тон

ДЕСК

Се токмат нови цени на горивата – ќе поскапат ли дериватите во понеделник?

ДЕСК

Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall

ДЕСК