22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митрески: Блокадите не се во духот на добрососедството

Блокадите не се во духот на добрососедството, за идентитетот не се разговара, европската иднина нема алтернатива, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата на новинарско прашање што доколку се случат најавите на Бугарија за преговорите со ЕУ?

„Ние сме кандидати за членство во ЕУ и заслужуваме преговори, сепак, доколку се случи она што го најавува Република Бугарија, тоа не е ниту во духот на добрососедските односи ниту е во склоп со европските вредности“, рече Митрески.

Тој рече дека за македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има ниту ќе има преговори.

„Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија, ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и ќе бараме решение со силата на аргументите. Нашиот пат е европскиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано“, рече Митрески.