23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кумановци пренесувале канцелариски материјал од Приштина, заедно со него имало и 2 килограма марихуана

Велешкото Основно јавно обвинителство донесе наредба за спорведување истрага против двајца кумановци на возраст од 59 и 52 години поради сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Кога првоосомничениот му помогнал на второосомничениот да отвори транспортна фирма и да почне со работа како превозник, на идеја на првоосомничениот се договориле да преземат канцелариски материјал од фирма во Приштина.

Второсомничениот заминал со товарното возило во Приштина, каде што го оставил возилото за да се натовари потребниот материјал, а тој се сретнал со првоосомничениот. Набргу првоосомничениот отишол да види до каде е товарењето, па кога бил завршено, второсомничениот со товарното возило се вратил во Македонија, а првоосомничениот се вратил со такси-возило.

По завршувањето на шпедициските формалности, првоосомничениот го известил второосомничениот дека со натоварената стока треба да замине во Грција, а второосомничениот се согласил.

Меѓутоа, на 9 ноември, движејќи се по патот Велес – Скопје, второосомничениот изгубил контрола над товарното возило и излетал од патот, при што добил телесни повреди.

При преглед на товарното возило, полициски службеници пронашле две пакувања марихуана, во вкупна тежина од 2.008 грама, која второосомничениот неовластено и заради продажба ја пренесувал, а во што со умисла му помогнал првоосомничениот.

Со оглед на видот и тежината на стореното кривично дело и можноста тоа да биде повторено, јавниот обвинител, кој постапува во предметот, до Основниот суд Велес доставил предлог за определување притвор за двајцата осомничени. ​​