23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Не е само возилото, семејството Заеви досега донирало над 300.000 евра помош во борбата против коронавирусот

Не е само амбулантото возило што вчера беше донирано за Болницата во Струмица.

Од почетокот на кризата со коронавирусот, па досега семејството на премиерот Зоран Заев донирало над 18 милиони денари или над 300.000 евра средства кои завршија како помош кај загрозени семејства или здравствени установи.

Семејството Заев преку општинските кризни штабови донираше 7.000 прехранбени пакети за социјално загрозени семејства во неколку општини меѓу кои Струмица, Куманово, Дебар и Прилеп.

Потоа, преку компаниите во сопственост на семејството Заеви беше донирана медицинска опрема во вредност од 100.000 евра. 5.000 болнички чаршафи 3.000 скафандери, 2.000 визири и 25.000 заштитни маски беа донирано до Министерството за здравство кое ги прераспредели до здравствените установи.

Пред неколку денови, Заев го одржа зборот даден пред струмичани и неговото семејство донираше целосно опремено возило за итна медицинска помош за болницата во Струмица.

Со последната донација, вкупната вредност на донираните средства изнесува над 18,4 милиони денари, или вкупна помош од над 300.000 евра, што претставува врвен чин на општествена одговорност на едно семејство и нивните компании.