24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ открива – Вистината за Еуростандард е поинаква: Фирми на Мицкоски имале кредити без покритие

Компании кои биле кредитирани од страна на „Еуростандард Банка“ без покритие се всушност компаниите со кои соработува Христијан Мицкоски. Оваа инфрмација ја откри пратеникот на СДСМ, Костадив Костадинов, на седница на Комисијата за финансирање и буџет. Имено, тој посочи дека фирмите кои се јавуваат како кредитирани од банката се фирмите во кои се појавува и името на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски.

„Во едно интервју сопственикот на „Еуростандард Банка“ Трифун Костовски, а потоа и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека бие кредитирани фирми од Струмица, без доволно покритие и дека наводно тие фирми биле блиски со СДСМ. Компаниите „Јанев трејд“ „Ведра мини“ и „Минка ДА“ не се поврзани со власта. Станува збор за компании на партнер на Христијан Мицкоски. „Минка ДА“ и другите компании што ги спомнав а коишто без покритие ги има финансирано „Еуростандард“ се партнер на Мицкоски во бизнисот со хидроцентралите“ – заклучи Костадинов.

Овие факти ја откриваат вистината во целиот случај со „Еуростандард Банка“, а се поврзани директно со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително СДСМ ја објави одлуката од 2015 година, потпишана од тогашниот министер за финансии, Зоран Ставревски, со која на компанијата Минка – Енерготек ДОО Скопје, и се дава градежно земјиште на долготрајно користење кое е во сопственост на државата, и тоа преку непосредна спогодба. Земјиштето е во Пехчево, а дадено е со намера да се изгради хидроцентрала. Освен одлуката објавена во Службен весник, СДСМ објави и Тековна состојба на фирмата Енерготек каде покрај имињата на Димитар Димовски, Сашо Наумовски, Стефан Трајковски и Трајче Николовски, стои и името на Христијан Мицкоски.

Со овие нови информации паѓаат во вода сите обвинувања на Мицкоски и на ВМРО ДПМНЕ дека фирми блиски на СДСМ имале кредити без покритие во „Еуростандард Банка“. Сега стана јасно дека Мицкоски за да ја отстрани вината што ја има преку неговите блиски бизнис соработници, ја клеветел СДСМ, за да и престави на јавноста поинаква вистина. Но, од денеска вистината се знае, а таа е дека фирмите на Мицкоски биле во шемата со кредите на банката.