„Јас сум оптимист за преговорите со Бугарија, како што малкумина беа со верба дека ќе одиме на Европско првенство во фудбал, може таков став имаат и за преговорите, но јас би рекол дека пред нас е уште еден предизвик, да оставиме и да веруваме во преговорите. Да оставиме уште малку време. Тие што ја преставуваат државата нема да се изборат за нешто што не е достоинствено за државата и за граѓаните. Ние сите до еден знаеме како да се бориме за државата. Затоа, и политичките партии, и медиумите, да помогнат до последниот ден, додека траат преговорите со Бугарија. Ние знаеме како се носи дресот на државата во секоја смисла.“- изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања на телевизија 21.
Тој ја критикување опозицијата дека се однесува деструктивно во време кога мора да покаже капацитет дека знае да биде одговорна и конструктивна.
„Неконструктивно се однесуваат цело време. Ќе наведам само еден пример, расправата за законските измени во парламентот за да ги реализираме економските мерки можеше да заврши за 24 часа, а траеше седум дена заради однесувањето на опозицијата. Со тоа парите кај граѓаните и фирмите ќе стигнат подоцна.“- илустрираше Битиќи.