Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Тлото не мирува: Вечерва регистриран слаб земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, информираше дека вечерва во 22 часот и 02 минути, регистрирала земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50 km југозападно од Скопје. Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Вчера во Македонија беа забележани низа земјотреси од кои два посилни со магнитуда од 5 степени.

Можеби ќе ве интересира

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК

ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Сиљановска-Давкова побара исти правила за земјите кандидатки

ДЕСК