Интегрално ја пренесуваме изјавата на Ивица Коневски, екс градоначаник од ВМРО ДПМНЕ:
Почитувани,
Во однос на одлуката ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на локалните избори во Штип, очигледно е дека не станува збор за некаков страв од пандемија, туку наједноставно кажано станува збор за страв од уште еден пораз на Христијан Мицкоски. Тој ги знае анкетите и знае дека тоа што нема став по важните прашања се одразува катастрофално по неговиот рејтинг и рејтингот на партијата.
Беше очекувано дека Мицкоски ќе избега од изборно соочување. На него не му е важно што членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во овие три години се постојано шиканирани, напаѓани, бркани од работа. На него не му е важно што штипјани не видоа ништо добро од локалните власти овие три години. Да му беше важно ќе излезеше на избори и ќе докажеше дека ВМРО-ДПМНЕ може многу подобро да води и управува. Да му беше важно ќе предложеше сериозен кандидат, а немаше да предлага да се продолжи мандатот на вд градоначалникот од СДСМ.
Ова е уште еден пораз на Мицкоски, односно победа на СДСМ.
Да беше искрен во наводната загриженост за пандемијата ,го има и инфектологот Вело Мрковски во ИК и ќе предложеше дополнителни протоколи. За жал играта е иста како за предвремените локални избори. Тој беше загрижен сè до моментот додека не се согласи за датум. После во цела кампања не го спомна корона вирусот.
После ова е јасно дека конгрес мора да има. Ова не личи на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ мора да стане сериозна и релевантна партија. Сè додека Мицкоски го води ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев ќе биде сигурен дека победува. ВМРО-ДПМНЕ мора да се врати на победничките патеки, а тоа очигледно не може со Мицкоски на чело.