23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Заврши времето на врски, народот не избра да го подобриме системот, законот важи за сите

„Да направиме се да ја вратиме довербата во институциите, да бидеме транспаретни и кога се ќе се знае ќе се намали и корупцијата, да немаме предмети што се чуваат во фиоки, да не биде за административна работа граѓаните да бараат заобиколни патишта преку врски, да ги скратиме процедурите, да ги скратиме дискреционите права, да ги скратиме непродуктивните трошоци, туку да инвестираме во развој. Сето ова значи да ги подобриме институциите и да ја вратиме довербата на граѓаните во нив. Знам дека криминалот и корупцијата јадат добар дел од БДП и никој не успеал да ја добие таа битка, но важно е да се намалува корупцијата и таа битка да биде перманетна. Затоа и постои мојата улога, да ги координирам институциите, како царина, финансиска полиција, УЈП и другите, да ги искористиме сите капацитети, да има силна комуникација која недостига, интероперабилноста на самите институции ни е една од првите задачи. И кога сето тоа ќе го испорачаме ќе следуваат и резултатите, а граѓаните ќе бидат сведоци.“- аргументираше Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, во интервјуто на телевизија Стар, објаснувајќи ја својата улога во битката против криминалот и корупцијата.

Според него важно и регулаторните тела како ДКСК или Заводот за ревизија да осетат дека во државата имаат партнери, а истото го очекува и од јавните обвинителства и судовите. Според него, само со организиран настап на сите чинители може да се очекуваат резултати против корупцијата.

„Во овој контекст треба да се зголеми бројот на обвинители, да се спроведе дигитализација во обвинителсствата, значи имаме многу предизвици, но само така правдата ќе се испорача и законот ќе важи за сите. Заврши времето кога еден човек кроеше судбини на два милиона и им беше и обвинител и судија. Народот ни ја дал довербата да ја исполниме нашата должност и да го подобриме системот, токму преку оваа соработка за која зборувам, особено со фокус на прочистување на судството, на ревизија на одредени предмети и враќање на довербата во сите институции.“- изјави Николовски.