Скопското Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
На 30 октомври, при претрес на домот на осомничениот на скопската улица Методија Андонов Ченто, кај него било пронајдено оружје – пиштол V.BERNADELLI GARDONE во калибар 7,65 милиметри и со механички отстранет сериски број, како и една рамка со седум куршуми.
За 30-годишниот осомничен, доставен е предлог за определување мерка притвор.