22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Кавадарци во шок и неверување: Од коронавирус почина 21. годишниот Горан Ѓерѓев брат на момчето што почина пред два дена од опасниот вирус

Фејсбук статус на Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци:

Драги сограѓани,
Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија.

Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти. Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија.

Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК