8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Со усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година македонските граѓани се уверија дека имаат држава која се грижи за нив

Фејсбук статус на Зоран Заев,премиер на Македонија:

Со усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година македонските граѓани се уверија дека имаат држава која се грижи за нив. 🇲🇰
Тоа е врвниот приоритет на Владата и во таа насока се пренасочени финансиски средства во справувањето со здравствената криза, за да се обезбедат на време вакцини, лекови и за зајакнување на здравствените капацитети.

Дури 470 милиони евра се издвоени за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за економско заздравување и одржливост на домашната економија и за зачувување на работните места, со што ќе го овозможиме континуитетот на позитивните трендови на македонската економија, по завршување на кризата.

Поддршката за граѓаните и стопанството продолжува и никој нема да биде изоставен. Ги имаме предвид сите дејности и компании.
Нашето внимание е целосно насочено кон поддршка здравствените работници, кон студентите и учениците, кон невработените лица, социјално ранливите категории, како што се пензионерите и граѓаните од други категории.

Со ребалансот на Буџетот и со четвртиот пакет мерки овозможуваме директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст.

Не се запоставени ниту нашите активни приоритети за реализација на капиталните проекти од интерес за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Куферот пред штабот на ВМРО ДПМНЕ бил празен

ДЕСК

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

ДЕСК

Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

ДЕСК