Едно лице загина во сообраќајка несреќа што се случила вчера утрото во близина на селото Марвинци кога удрил во бетонски столб и настанал пожар.
„На 1.11.2020 во Полициската станица Валандово било пријавено дека околу 5.10 часот, на магистралниот пат А1, во близина с. Марвинци, на местото наречено Надвозник, патничко возило „југо корал 45“, со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г. П. (70) од Гевгелија, а управувано од непознато лице, удрило во бетонски столб од надвозник, при што од ударот настанал пожар во возилото, кое целосно изгорело, а возачот починал на местото“, соопшти МВР.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Валандово, а од лекар била констатирана смрт кај возачот. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Валандово, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.