24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Оваа Влада има нула толеранција за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето

Фејсбук статус на Зоран Заев, премиер:

Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за насилствата врз новинарите го одбележуваме со повик до сите медиумски работници без задршка да ги пријавуваат сите форми на притисок до надлежните институции.

Оваа Влада покажа дека практиките од минатото се завршени и дека ја штити слободата на медиумите. Институциите имаат обврска да постапуваат согласно законските решенија секогаш кога има регистрирање на закани или напади. Јасна заложба на Владата е секој регистриран напад да има пат до разврска.
Дека институциите се насочени кон заштита и постапуваат ревносно по пријавените случаи, докажува расчистувањето на случаите на напади во периодот од 2017 година, од страна на МВР, што не беше случај со претходната владејачка гарнитура.

Наследивме систем во кој новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичката и институционална одмазда поради професионалното извршување на својата работа. Го сменивме во систем во кој новинарите имаат слобода активно и критички да се бават со својата професија.
Напредокот што го постигнува Северна Македонија во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми. Тој напредок е забележан и од Европската Унија во извештаите за напредок на земјата и на скалилото на Репортери без граници.

Оваа Влада има нула толеранција за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето. #ProtectJournalists #EndImpunity

Спонзорирано: