Утре ќе се почне со изведување градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот, соопшти АМСМ. Оттаму додаваат дека на самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае сè до завршување на градежните работи.
Исто така утре од 7:00 часот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани ќе почне со изведување на градешни работи на пат (асфалтирање на риголи), каде што ќе има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.