13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Досега исплатени 3,2 милијарди денари за обесшетување на штедачите во „Еуростандард банка“

Фондот за осигурување на депозити информира дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,2 милијарди денари што претставува близу 77% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

„Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот. До денес се исплатени близу 10 милиони денари по основ на обесштетување на наследници на депоненти на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објвавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период

ДЕСК

Ранливите потрошувачи добиваат поддршка: како да аплицирате за клима-уред и помош за струја

C +

„Аплицирајте за клима уред или субвенција за струја: еве кој има право и кои документи се потребни“

ДЕСК