„Времето кога еден исти човек беше и обвинител и судија и беше сублимирана целокупната моќ и власт во еден човек заврши и еве ние сме пример како и ВМРО – ДПМНЕ и опозицијата треба да ги следат сите успешни примери на воспоставувањето на овие модерни и високи европски стандарди во оваа нова македонска политичка епоха што ни се случува.
На европскиот ден на правдата ние го воведовме ова како дел од преамбулата правдата и економијата беа клучни столбови на самата програма, високото морално и етичко однесување гледате дека постојано овој период праќаме силни пораки дека неприкосновено, дека бескомпромисно ќе се бориме почнувајки од начинот на функционирање и од функциониерите на СДСМ. “ рече генералниот секретар на СДСМ на денешеното гостување на Сител телевизија.