Оваа година не беше добра за никого, но, ако се верува на астрологијата, за некои луѓе беше потешко.
Најнесреќните три хороскопски знаци оваа година едвај чекаат да дојде 2021 година што е можно побрзо.
Вага
Оваа година не беше добра за Вагите и тие треба да избегнуваат какви било ризици затоа што многу веројатно резултатот ќе биде неповолен за нив. Ниту оваа година немаат среќа во љубовта, па затоа треба внимателно да влегуваат во врски и добро да се грижат за кого имаат доверба.
Рак
Оваа година не беше, ниту ќе биде лесна година за Раковите. Тие не можат да сторат ништо и сите нивни проекти главно завршуваат неуспешно. Луѓето околу нив постојано се обидуваат да ги срушат и да им го отежнуваат секојдневието, како да не им е доволно тешко. Овој знак треба да избегнува ангажирање во ризични финансиски инвестиции и не треба да им верува на сите.
Овен
Овенот е еден од најнесреќните хороскопски знаци. Постојано се чувствува како да не може да најде излез од тешката ситуација и како да се распаѓа сè околу него. Секој чекор што го прави Овенот во 2020 година го води кон зголемување на нестабилноста. Тој треба да престане да се стреми кон големи промени и да се одмори од сè, со цел да го расчисти умот и смело да ја започне следната година.