8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта поради својата неспособност носи на душа 821 починато лице

„Во борба против коронавирусот власта ништо не презема. Секојдневните драконски бројки на новозаразени од Ковид-19 ја потврдуваат неспособноста на Венко Филипче и власта. Власта ја искачи Македонија на врвот во регионот по новозаразени и починати.За недела дена имаме околу 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, кога сите држави во светот имаа прекин во бранот на заразата ние бележевме рекорди во заразени.

„Сега сме на почетокот на кризата, допрва следува сезоната на грип и хаосот може да биде уште поголем, а власта ништо не прави за да спречи ескалација.СДСМ нема капацитет, да се справува, затоа што наместо да мисли како да го намали бројот на заразени, Филипче го зголемува семејниот имот.Власта поради својата неспособност носи на душа 821 починато лице.Поради неспособноста на СДСМ 821 семејство остана со помалку од еден член во нивното семејство“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.