7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Сите надлежни институции работат на расветлување на случајот „Еразмус+“

Надлежните институции почнаа со проверка на случајот за доделувањето финансиски средства од ЕУ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, информира на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски.

Тој додава и дека е во постојана комуникација со институциите и најави дека случајот целосно ќе се истражи и расчисти.

„Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност, ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација“, наведува Николовски.

Можеби ќе ве интересира

ЗАСТРЕЛАН НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ: Пукање среде Куманово

ДЕСК

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК