Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Почитувањето на мерките е „оружјето“ во борбата против коронавирусот

Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние можеме да придонесеме во борбата против коронавирусот, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи, во објава која им ја посвети на здравствените работници.

„Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја. Целиот свет е под огромен притисок. Но, најголемиот товар и натаму го носат здравствените работници и повеќе од сé им е потребна наша поддршка за да се справат со предизвикот пред кој се исправени. Здравствените работници се нашата надеж во борбата против пандемијата. Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба. Да им помогнеме, тие тоа го очекуваат и заслужуваат. Да покажеме благодарност и почит кон нивната работа“, напиша министерот.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.