Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

28 возила за меѓуградски превоз исклучени од сообраќај, 23 со неисправни уреди за сопирање!

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.10.), во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат меѓуградски превоз на патници.

Санкционирани се 28 возила, од кои 23 поради неисправен уред за сопирање, а пет поради други неисправности.

Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Стар рецепт на Груевци, кога не оди објави анкета, туку што вели анкетата за бомбите?

ДЕСК

Паника на паркинг во Карпош: Закана со остар предмет по расправија за паркинг место!

ДЕСК

Инцидент во двор на куќа во Скопје: Жена нападната со тврди предмети од малолетници

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.