24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Закажана седница на Владата во 12 часот

Владата на Република Северна Македонија денеска, со почеток во 12:00 часот, во свечената сала, ќе ја одржи 4-та седница, на која ќе бидат разгледани повеќе точки од интерес на граѓаните.

На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ги разгледа: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад и измените и дополнувањата на Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

На дневен ред, за разгледување е и Предлог-уредба за распоредување на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската комисија, предложена од Министерството за финансии, како и Предлог-уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основното образование по општини за 2021 година.

На оваа седница на предлог на Министерството за правда ќе се разгледува и Информацијата со статистички податоци за кривични предмети од областа на корупцијата за 2019 година.

За заклучоците од седницата за овие и за други точки ќе информираме по нејзиното завршување.