25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВМРО ДПМНЕ/Facebook
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Целиот спектакл за уривање на една дивоградба е за да се прикрие економскиот колапс на земјата

Крими тендерашката власт на Заев со организирање спектакли со уривање на една дивоградба сака да го прикрие економскиот колапс кој се случува во Македонија, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека дивоградбата кај Мавровка не требало ниту воопшто да се изгради ако биле ажурни институциите под контрола на Заев, а не сензационалистички да се руши со народни пари.

„Јасно дека овој театар им беше потребен за да прикријат дека приходите во буџетот во месец август се помали за 13,9% во однос на лани поради погубните економски политики. Наплатата на ДДВ е помала за 14,3%, акцизите се за 25%, данокот на добивка е за 28,9% и приходот од персоналниот данок е помал за 10,4%. Сето тоа говори дека економијата крахира, се намалува економската активност, вртоглаво паѓа стандардот на граѓаните и тие помалку трошат. Дополнително 40 илјади лица за само 5 месеци ја изгубиле својата работа, а 30 илјади лица од месец април навака не земаат редовно плата. Власта на Заев освен за криминали за друго не ја бива“, се наведува во соопштението.