15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Министерството за земјоделство: Континуирано ја следиме состојбата со откупот на грозјето

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека континуирано ја следи состојбата со откупот на грозјето и откупните цени. Во овој период се врши берба и откуп на висококвалитетните сорти на грозје, од втората половина на месецов започнува бербата на вранецот, а при крај на месецот започнува бербата на смедеревката.

Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, со цел да има непречен откуп на грозјето.

МЗШВ изминатиот период одржа состаноци со винарските визби и со здруженијата на лозари, со цел да се најде взаемно решение за годинешната откупна цена на грозјето.

„На последниот состанок со винарниците се дадоа предлози и идеи, како да им се помогне и на лозарите и на винарците. Предложивме на партнерски основ- откупната цена да биде 11 денари за килограм вранец и 9 денари за килограм смедеревка, при што Владата ќе интервенира со четири денари субвенција, за да може да се постигнат ланските цени, односно 15 со 13 денари. Воедно, се размислува да има и субвенција за висококвалитетните сорти грозје, што би била за првпат воведена годинава“, сооопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Можеби ќе ве интересира

Приклучете се на ХалкЕко, за активно лето со еко придобивки

ДЕСК

Свечено отворање на Dioptra Optic Urban Concept – првиот store-in-store оптички концепт во Македонија

ДЕСК

Советот на Народната банка донесе одлуки за унапредување на заштитата на потрошувачите на финансиски услуги

C +