15 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадинов: Концептот „Обнова“ се реализира внатре во ВМРО-ДПМНЕ и добро е да се истера до крај

Пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов во вечерашното обраќање во Собранието истакна дека концептот на ВМРО-ДПМНЕ со кој оваа партија настапи на изборите, концептот „Обнова“ сепак се реализира но во самата опозициска партија. 

„На овие избори се судрија два концепти, едниот на коалицијата Можеме, концепт кој победи и кој нуди прогрес и иднина за државата и граѓаните и концептот Обнова, кој за волја на вистината се реализира, но внатре во ВМРО-ДПМНЕ и тоа е добро за државата, добро за партијата и нека истрае до крај“ порача Костадинов.