24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Итната медицинска помош во Скопје со девет екипи за празникот

По повод празникот Успение на пресвета Богородица, кога се очекува зголемен број верници да ги посетат верските храмови, Министерството за здравство апелира да се почитуваат превентивните мерки и препораки за носење заштитна опрема (маска или марама), одржување дистанца од најмалку еден ипол до два метра, често миење и дезинфекција на рацете, како и избегнување на поголеми групирања.

Службата за итна медицинска помош по повод празникот има ангажирано девет медицински екипи за подрачјето на град Скопје, а во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ ќе има и дежурно амбулантно возило со комплетна медицинска екипа, во периодот од 7 до 16 часот.

„Во услови кога Итната медицинска помош регистрира од 80 до 100 интервенции дневно, а зголемување е забележано кај бројот на транспорти, кои изнесуваат и до 30 во тек на денот, и од оваа служба апелираат на строго придржување до превентивните мерки како единствен начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот“, соопштија од МЗ.