Времето претпаднево ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степена.
Утре, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, особено во централните и источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град.
Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време.