ЈП „Паркинзи на општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје изминатата седмица санкционирале 184 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 10.08. до 16.08.2020 година, со помош на специјалните возила ‘пајак’ на ЈП ПОЦ отстранети се 92 непрописно паркирани возила, од кои едно (1) несовесно паркирано возило на паркинг-место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување механичко средство блокаторсанкционирани се 92 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, се наведува во извештајот.