Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

„Бараме поддршка за силно продолжување на тоа што беше од 2017 до 2021 година кога имавме градежна офанзива. Затоа сакаме тоа да продолжиме, да изградиме уште неколку училишта во подрачните места, уште неколку улички, останат во населените места, така да ќе останеме први во регионот, односно во државата, со 100% приклучени домаќинства во водовод, да имаме асфалтирани улици, зелени површини, нови училишта и нови градинки, тоа е најважната работа за граѓаните на општина Лозово “ порача кандидатот за градоначалник Ацо Велковски од СДСМ, на денешната средба со граѓаните на општина Лозово.

Тој истакна дека од 2017 до 2021 година Лозово било во вистинска градежна офанзива, кога биле реализирани бројни инфраструктурни проекти, но дека тоа не продолжило откако ДПМНЕ ја презеде општината.

„Зад нас се оставени повеќе од 50 проекти. Бошко Цветковски имаше време од 2021 до 2025 година да ги реализира, но, за жал, само околу 20% од тие проекти се реализирани. Бараме поддршка за да ги завршиме започнатите проекти и да започнеме нови,“ додаде Велковски.

На средбата, тој соопшти дека е постигната коалиција со Милан Ашиковски, кандидатот од првиот изборен круг.

„Денес потпишавме договор за заедничка поддршка во вториот круг. Со гласовите на Милан и неговиот тим заеднички обезбедуваме сигурна победа. Да продолжиме со работа, со проекти и со развој. Да покажеме дека Лозово знае што значи напредок,“ порача Велковски.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=4gbusPcauSc

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Совет од нутриционистот Дрвошански: Магнезиум цитрат за здраво срце и активни мускули

C +