25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Германските компании очекуваат да закрепнат од коронавирусот за 11 месеци

Германските компании очекуваат дека нивниот бизнис, по хаосот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, ќе се нормализира во просек за околу 11 месеци, според истражувањето на економскиот институт ИФО.

Компаниите во услужниот сектор очекуваат нивното закрепнување од кризата со коронавирусот да трае 11,7 месеци, додека во градежниот сектор очекуваат да трае 11,1 месец, во секторот на мало 10,3 месеци, а во индустријата 10,1 месец, покажа истражувањето на ИФО, пренесува порталот „Индекс“.

Пандемијата особено тешко ги погоди туристичките агенции и хотелите кои очекуваат нормализација за 14,6 односно 16 месеци, а закрепнување во секторот за уметноста и забавата би требало да трае најдолго, речиси 18 месеци. Спротивно на тоа, секторот за безбедносни услуги се очекува да закрепне до крајот на оваа година.

„Многу компании ги чека долг пат до нормалноста. Откако ќе се укинат сите јавни ограничувања, тие сепак ќе треба да се справат со нивните последици“, објаснува истражувачот на ИФО, Клаус Волрабе.