Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Создаваме ново парламентарно мнозинство и нова Влада ослободени од национализам

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, соопшти СДСМ.

„ На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен.

Во тек е процес на создавање нова Влада ослободен од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите.

Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор.

Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата“ додава партијата.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК