Интензивна нестабилна облачна маса придружена со интензивен пороен дожд и јаки и чести електрични празнења се наоѓа во јужно-централниот дел од земјава. Навлезе од југоисточниот крај и е со правец на движење кон запад – северозапад, информира УХМР.
На Југо-Истокот од Македонија се очекува повторно нестабилност, се додава во информацијата на УХМР.
Денес попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град.
Утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.