На ден 25.07.2020 во 02.15 часот на ул.,,Кеј Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Г.Н.(21) од Свети Николе, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.07.2020 во 23.20 часот на плажа „Парк-Голден Бич“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Л.(32) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.