Попладне и во текот на ноќта ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град.
Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер.
Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
Прогноза за 27.07.2020
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°С до 36°C
Сончево со умерен, а наместа засилен северен ветер. УВ=9
Прогноза за 28.07.2020
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Сончево и многу топло. УВ=9
Прогноза за 29.07.2020
Минимална температура: 15°C до 23°C
Максимална температура: 32°C до 39°C
Сончево и многу топло. УВ=9