23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кирацовски со остра порака до Героски: Обично не коментирам ординарни глупости, но очигледно дека понекогаш и мора

Фејсбук статус на Александар Кирацовски:
Обично не коментирам ординарни глупости, но очигледно дека понекогаш и мора. 😌

Вие, г-не Геровски не ме “амнестиравте” туку сфативте дека не ви држат, дури ни паушалните наводи, во врска со мене, што е огромен пропуст во вашето новинарско искуство доколку и воопшто се занимавате со професионално новинарство…

Но, она што гледам е дека јавноста не ве амнестира Вас, за сите измислици кои ги изнесовте во вашите текстови, за кои потоа моравте да ретерирате и да се повлекувате.

Сетете се само што се изнапишавте на вашиот портал пред само година дена…ни сам повеќе не верувате во тоа.
Од сите паушални измислици кои ги изнесовте тогаш, денес нападот ви се сведе на аргумент за закажана официјална и транспарентна средба на која сум бил присутен и на која впрочем и ништо не се случило, а за која лично ги известив надлежните инстанци во овој случај…?

Јако истражувачко новинарство!! :))

Постапката за среќа брзо тече и јавно ќе ве демантира за многу работи, но и ќе ја расчисти дилемата за вашите намери да се впуштите во авантурата која ве симна во очите на читателите.
На лажните вести, конечно им доаѓа крајот!