Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, и порача на ДУИ дека АА и Алтернaтива ќе и ги стават на располагање сите 12 пратеници доколку се согласат да се отвори барем една гласачка кутија во Зајас и ако притоа се утврди дека сите што гласале се живи и се во земјава.
-Нека изберат една гласачка кутија во Зајас, која сакаат тие, нека изберат и нека кажат оваа ја избравме. И нека ја отворат таа кутија. Доколку сите тие кои гласале, се од Зајас, ние за 5 минути, АА и Алтернатива, ќе излеземе и ќе и ја честитаме на ДУИ победата и ќе се извиниме на граѓаните што им досаѓавме и 12-те пратеници ќе и бидат на услуга на ДУИ во следните години – рече Таравари во изјава за ТВ 21.
Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.