9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Али Ахмети повикан во Специјалниот суд во Хаг

Претседателот на ДУИ Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд во Хаг.

– Да, вистина е дека сум добил покана од Специјалниот суд во Хаг и ќе одам, изјави Ахмети за ТВ 21. Тој во Судот во Хаг, според ТВ 21, ќе се појави во својство на сведок.

Минатата недела во Судот во Хаг, беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово.

Засега нема информација дали поканата за Ахмети има врска со исказот на Тачи.

Освен за претседателот на Косово Хашим Тачи, Специјалниот Суд во Хаг, покрена обвинение и за Кадри Весели, претседателот на ДПК, кој во време на воениот конфликт па се до 2008 ја вршеше функцијата директорот Инфорамативната служба на Косово. Освен овие лица, во списокот на обвинети на Специјалниот суд, според косовските медиуми се и други високи функционери на ОВК.

Спонзорирано: