23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга.

Според информациите на МВР, И.Е.(36) е осомничен дека на 3 август минатата година ја усмртил жената со удари со тврд предмет во главата.

„Осомничениот во куќа на ул. Гарибалди во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б.(33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала на местото“, соопштија од МВР.

По тоа, пријавениот И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на село Горно Оризари, Скопско, покрај патот што води од населба Шуто Оризари кон Горно Оризари.

Телото било пронајдено два дена подоцна, на 5 август.