24. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

До 15 часот гласале 340 лица заразени со коронавирус или во самоизолација

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација.

Државната изборна комисија соопшти дека досега гласањето се одвива без проблеми.

За денешното гласање се евидентирани 711 лица.

Најмногу пријави за гласање на лица со Ковид-19 и во самоизолација има во Ресен – 60, во Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај – 32, во Куманово – 31 и во Штип – 30.

За остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се стотина здравствени избирачки одбори составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

Можеби ќе ве интересира

Му се слошило, па починал откако бил донесен во бесознание во клиника

ДЕСК

Гореа автобуси, минибус, камион, неколку автомобили во голем пожар во Куманово

ДЕСК

Повеќе повредени во тешка сообраќајка во Свети Николе

ДЕСК