24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАНАПРАВИ САМ

Ги отстранува СИТЕ ФЛЕКИ, а може да го направите сами за минута!

Многу често сме во потрага по средство за отстранување дамки од облека, не знаејќи дека можеме да го направиме со свои раце.

Овој домашен препарат отстранува дамки од различно потекло и може да се врсти со најскапите средства со иста цел.

Она што е најважно е дека средството се прави без никаква хемија, која често предизвикува алергиски реакции на кожата.

За подготовка на домашниот отстранувач на дамки ќе ви бидат потребни само три состојки: вода, сода бикарбона и хидроген 3%.

Состојки: 1 чаша врела (зовриена) вода; пола чаша сода бикарбона; пола чаша хидроген 3%

Подготовка: Сода бикарбоната прелијте ја со заовриената вода. Почекајте да се олади и содата да се раствори, па додадете го хидрогенот. Измешајте ги добро состојките и претурете ги во распрскувач.

Вашиот отстранувач на дамки е готов!

Употреба: Добро испрскајте ги дамките на сува облека и оставете средството да делува околу 5 минути. Уште подобро е дамките да ги изрибате со сува четка за заби која ќе ја потопите во отстранувачот.

Ако дамките се стари и тврдокорни, оставете и исперете 2-3 пати.

Продолжете со вообичаено перење на облеката, машински или рачно.