„Покажавме дека сме кадарни, дека знаеме, покажавме љубов, целиот свет дојде да ни се поклони на мудроста и храбрите одлуки. Знаеме како да продолжиме заедно да работиме за татковината. Немојте никогаш да им ги заборавите 11-те години владеење, тие ни се школо и учиме од него. ВМРО ДПМНЕ ви одзеде 11 години од животот и сега како ве повикува да гласате за бројот 14? Ако од тој број им ги одземете назад 11-те години, тогаш излегува бројот 3. Само бројот 3 е сигурност, се друго е опасност за вас и за државата. Имаме право европски да живееме и нема да ја пропуштиме таа шанса. И ако уште не сте одлучиле, изборот е лесен, под бројот 3 имате уште две тројки, моите иницијали ЗЗ, па лесно ќе препознаете.“- говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев од предизборната трибина во Хераклеја, Битола.
Тој искористи прилика, пред да започне изборниот молк, да ги повика граѓаните да излезат на 15 јули и да изберат иднина, живот и европски вредности.