28-годишен велешанец вчера се удавил во езерото „Младост“.
-Вчера во 15.30 часот било пријавено дека во Велес, во водите на езерото „Младост“, М.С.(28) од Скопје влегол во водата и по кусо време потонал и се удавил. Телото на М.С. било извадено од водата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, се вели во денешниот билтен на МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.