На 05.07.2020 во 23.30 часот во СВР Скопје, С.С.(38) од Скопје пријавила дека во 21.00 часот во близина на мост на бул.„Гоце Делчев“, додека управувала патничко возило „рено клио“, во кое била и нејзината малолетна ќерка, непознато возило ѝ го пресекло патот, од кое излегло едно лице кое започнало расправија со неа, по што ѝ го скршило стаклото од вратата на возачот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.